MK FUN
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Случајности...!?

Go down

Случајности...!? Empty Случајности...!?

Пишување by ast3rix Нед Ное 09, 2008 2:14 am

Случајности...!? Cerep-rengen

Дали сте знаеле дека некои од најголемите изуми на денешницата, всушност биле пронајдени случајно?...
Научниците истражувале сосема други проблематики, кога дошле до изумите без кои денешниот човек неможе да се замисли. Еве дел од најпопуларните "случајни" откритија...

10. Чипс
Готвачот Џорџ Крам, во 1853 година како и вообичаено го подготвувал својот вообичаен сендвич за една редовна муштерика. Но, таа не била задоволна од дебелината на состојките, па му се пожалила. Крам толку се изнервирал поради коментарите, што за инает го исекол компирот на многу тенки парченца и ги испржил се до потполна крцкавост. Излишно е да се напомене дека коментарите преминале во воодушевување...

9. Гума за играње
Во почетокот на 40-тите години, научникот Џејмс Рајт работел на производство на вештачка гума за потребите на војската.Во тој процес случајно дошло до мешање на киселина и силиконско масло од кое настанал флексибилен гумен предмет кој набрзо станал и водечка детска играчка.

8. Вулканизација
Мирисот на распадната гума е нешто со кое никој не сака да се соочи... Спасот од ваквиот отпад се појавил кога на американскиот континент почнал да се спроведува процесот на вулканизација, а го унапредил познатиот Чарлс Гудјеар во 1839 година, кога по некоја случајност парче од гума му паднало на вжештена плоча.

7. Коњак
Средновековните трговци се служеле со многу трикови. Тие пред да го транспортираат, го вареле виното бидејќи со отстранување на водата можел да се продолжи неговиот рок на траење, а притоа и добивале на простор. Но, некои од нив набрзо дошле до заклучок дека виното и во ваква состојба не е лошо. Така тие одлучиле веќе никогаш да не го вратат во неговата првобитна состојба - и со тоа му кумувале на раѓањето на коњакот!

6. Микробранова печка
Микробрановите емитери (магнетрони) првично служеле за напојување на радарите во Втората светска војна. Скокот од лоцирање на нацистите до кулинарството се случил кога магнетроните сами од себе го стопиле чоколадото кое се наоѓало во џебот на механичарот Перси Спенсер.

5. Вештачки засладувач
Кога ќе го прочитате следното најверојатно ќе се згрозите, бидејќи ова откритие не е последица на ништо друго туку валкани раце.Немиењето на рацете кај одредени научници довело до тоа три квази шеќери да завршат на човековиот јазик. Првиот е цикламат, откриен во 1937 година и аспартамот во 1965. Тие се биопродукти на медицинско истражување додека сахаринот (1879) се појавил за време на истражувањето на дериват од јаглен. И што ќе ставите сега вие во вашето кафе?

4. Пеницилин
Шкотскиот научник Александар Флеминг во 1928 година го открил пеницилинот додека го проучувал вирусот на грип. Тој забележал дека сино-зелена мов нападнала еден од неговите Петриеви садови и притоа ја убила стафилококната бактерија која живеела во неа. Да живеат неуредните научници!

3. Х-зраци (рендген)
Иако неколку научници претходно, во почетокот на 19 век, веќе експериментирале со продорните зраци кои настанале како последица на судирот на електроните и металот, Х-зраците биле откриени дури во 1895. година. Имено тогаш, Германецот Вилхем Рентген при обидот да спои различни предмети во подрачјето на радијација го здогледал на ѕидот, одразот од своите коски.
2. ЛСД
Швајцарскиот хемичар Алберт Хофман за прв пат се сретнал со овој тип на "забава" во 1943 година кога вдишал мала количина на диетиламид лизергинска киселина (ЛСД), хемикалија која ја користел за поттикнување на породувањето. Потоа тој се послужил со поголема доза и доживеал сосема поинакво искуство - лош трип.

1. Виагра
Мажите кои се соочуваат со проблемите на сексуална дисфункција треба да им бидат благодарни на научниците кои работеле на новиот лек против ангина во велшкото село Мертир Тудфил во 1992 година. Во таа прилика биле откриени неговите неочекувани нус појави - пркосење на гравитацијата. Пред вијаграта, ова мало село било познато само по производство на железо.
ast3rix
ast3rix
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1064
Age : 41
Местолокација : Tetovo
Job/hobbies : Computers, Music
Humor : :)
Registration date : 2008-01-20

http://www.myspace.com/ast3rix

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот