Стара Мара
Стара Мара
Истражувачите сведочат за откривањето на најстарата залиха на марихуана, во гроб стар најмалку 2700 години. Марихуаната, која според истражувачите била одгледувана за психоактивни цели, е закопана заедно со маж за кој се претпоставува дека бил шаман. Гробот е пронајден во серевозападна Кина.
Екстремно сувите услови на теренот и погодната почва ја зачувале залихата, која сеуште ја има зелената боја иако го загубила карактеристичниот мирис. Марихуаната има релативно високо ниво на THC, но примерокот е престар за да би се утврдиле точните проценти на супстанците кои се наоѓаат во пронајдената количина. Исто така, не може со точност да се утврди како се конзумирала тогаш, имајќи во предвид дека во гробот на мажот не е пронајдено луле.
"Вообичаената пракса при закопите била покрај телото на закопаниот се остават сите предмети кои ќе му се потребни за задгробниот живот...Канабисот е ставен како лек или средство за визии", изјави Др. Итан Б.Русо, кој прв информираше за пронаоѓањето на старата тревка.
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|