НЛО досие 2008

Go down

НЛО досие 2008

Пишување by ast3rix on Саб Дек 13, 2008 5:05 pm



Има ли живот во вселената или сме сами во тоа бескрајно пространство? Тоа е прашање за кое малку повеќе ќе треба да го почекаме службениот одговор, но дали навистина ни е потребен? Секоја година се појавуваат нови сведоштва за необични појави кои го посетуваат небото на "добрата стара Земја", а посетите од вселената биле документирани уште од праисторијата.


Нема да одиме толку далеку како германскиот истражувач Деникен, кој тврди дека нашата цивилизација е создадена од надворешни вонземски сили, но фактите кои се појавуаат по медиумите во последните неколку години, за тоа дека американската влада веќе контактира со вонземска интелегенција звучат прилично реално.

За тоа сведочат и стотици документирани сведоштва, од страна на службени лица, а неодамна од француското и британското министерство за одбрана објавиле архивирани документи за повеќе од 100 забележани случаи на НЛО.



Сведоштвата тргнуваат од древни цртежи и плочки пронајдени во долините на реките Еуфрат и Тигрис, преку забелешки од некои индиски племиња па се до модерни фотографии и видео снимки.

Оваа година непознати летечки објекти ги посетувале егзотичните земји како Мексико, Австралија, Виетнам и Хрватска. Од нашите балкански простори на вонземјаните омилен дел им е јадранската обала.

Судејќи според местата на кои биле видени овие летечки објекти, Земјата очигледно е многу популарна туристичка дестинација во вселената.

Уште еден феномен кој се поврзува со "вселенските туристи" се круговите во жито. Станува збор за феномен кој веќе некое време се истражува притоа без да се добие некој конкретен одговор.




Полицијата и војската исто така имале полни раце работа со несмасните вонземјанковци и нивите летечки чинии. Освен што се покажале како исклучително опасни за авио сообраќајот, полициски хеликоптери безуспешно интервенирале на еден НЛО, за кој дури имале наредба и да пукаат.

Земајќи ги во предвид сите овие работи, не е вооошто чудно што некои најнови студии покажале дека повеќето луѓе веруваат во вонземјани отколку во Господ. Тука спаѓаат германски и американски астронаути, научници како славниот Хавкинг, односно пејачот Роби Вилијамс кој изјавил дека "малите зелени" веќе го посетиле поради кои планира да ја прекине кариерата.

Засега не ни преостанува ништо друго освен да ги анализираме податоците кои ги имаме на располагање и да чекаме официјална потврда од светските сили за евентуално постоење на вонземјани.

Како едно од поинтересните НЛО сведоштва кои се случиле во нашето соседство може да го издвоиме случајот во Сараево. За што поточно станува збор може да видите на следното видео: