2009, причекај секунда...

Go down

2009, причекај секунда...

Пишување by ast3rix on Саб Дек 13, 2008 5:10 pm



Новата 2009-та година ќе мора да причека една секунда пред официјално да настапи на сцена.


Меѓународните стручњаци за времето ќе го одложат почетокот на 2009-та година така што ќе додадат една секунда на oфицијалните часовници. Оваа "престапна" секунда е неопходна за синхронизација на
официјалните атомски часовници со ротацијата на Земјата.

Иако ротацијата на нашата планета трае речиси совршени 24 часа, малите варијации доведуваат до расчекор помеѓу астрономското време и атомските часовници кои немаат никакви варијации. Ова ќе биде вкупно 24-то синхронизирање кое од 1972-ра година во период од 6 месеци до 7 години го спроведува Меѓународната служба за следење на земјината ротација и референтните системи во Париз.

Последниот пат кога се случи ваква интервенција беше на преминот од 2005-та во 2006-та година. Пресметката на времето се заснова на ротацијата на Земјата во однос на небесните тела. Земјата кружи околу сонцето за 365.2422 денови. На секоја четврта година (во престапните години) се додава по еден ден во февруари за да се прилагодат календарската и астрономската година.

Механизмите како мрежниот протокол за време NTP или сателитскиот систем на глобално позиционирање GPS зависат од точното време на атомските часовници. Оваа додатна секунда на 2008-ма (која веќе имаше еден ден плус во февруари како престапна година) ќе и го донесе "приматот" - најдолга година по 1992.



_________________


Conquest is everything after Perfection
avatar
ast3rix
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1064
Age : 35
Местолокација : Tetovo
Job/hobbies : Computers, Music
Humor : :)
Registration date : 2008-01-20

Преглед на профилот на членот http://www.myspace.com/ast3rix

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот