Православните христијански верници утре го слават Бадник

Go down

Православните христијански верници утре го слават Бадник

Пишување by ast3rix on Вто Јан 06, 2009 1:15 am



Православните христијански верници во Македонија утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик

Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје каде што на годинашните кумови - групата Синтезис и писателот Венко Андоновски ќе им биде врачен преодниот бадникарски ќуп.

Манифестацијата вообичаено ќе почне со подигање на бадникарското знаме, по што следува осветување на бадниковите гранчиња, нафората, топлата ракија и чајот од страна на свештенослужители на Соборниот храм. На платото пред храмот бесплатно ќе бидат делени бадникови гранчиња.

Во пресрет на Бадник и Божик, во скопските маала и во другите населени места во Македонија се одржуваат народни собири со палење бадникарски огнови. Рано изутрина, пак, Рождеството Христово ќе го најават децата коледарчиња.

Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.


Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството.

_________________


Conquest is everything after Perfection
avatar
ast3rix
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1064
Age : 35
Местолокација : Tetovo
Job/hobbies : Computers, Music
Humor : :)
Registration date : 2008-01-20

Преглед на профилот на членот http://www.myspace.com/ast3rix

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот