MK FUN
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Професиите на ѕвездите пред да станат славни

2 posters

Go down

Професиите на ѕвездите пред да станат славни Empty Професиите на ѕвездите пред да станат славни

Пишување by ast3rix Сре Мај 28, 2008 12:23 pm

Професиите на ѕвездите пред да станат славни Slavni_vov

Нормално, славата не доаѓа преку ноќ (или им доаѓа така само на најсреќните), па затоа многу од денешните ѕвезди пред да стигнат до своите пет минути слава морале добро да ги засукаат ракавите и да работат професии кои не биле баш добро платени.


Мадона
Мадона ја стекна славата со својот албум "Like a Virgin", но претходно, во раната своја младост, во Њујорк работела и како продавачка на крофни на Тајм Сквер. Но, ни тогаш не била ништо помалку темпераментна отколку денес, па како што кажуваат, во една прилика разлутената Мадона ги исшприцала купувачите со мармалад за крофните.



Професиите на ѕвездите пред да станат славни Slavni1



Аврил Лавињ
Канадската пејачка во детството косела тревници и за секој добивала по 15 долари.

Дафи

Денес успешната 23 годишна британска пејачка немала воопшто лесно минато. Иако започнала да пее доста рано, уште на 15 години по разни бендови, нејзиното проблематично семејство не и пружало сигурност, па морала да заработува. Родителите и се развеле, а таа завршила дури и под полициска заштита. И да, Дафи добро ќе го запамти мирисот на рибите, бидејќи работела како келнерка во една фабрика за преработка на риба.

Џим Кери

Џим Кери денес добива по 20 милиони долари за еден филм. Кога имал 15 години, татко му останал без работа, па по училишните часови Џим работел како чувар во една фабрика надвор од Торонто за да му помогне на семејството да се справи со тешката финансиска криза.

Марлон Брандо

Марлон одел во воено училиште, од каде што го исфрлиле со објаснување дека е непоправлив. Откако заработувал копајќи дупки, работел и како работник на кран во Њујорк. Последното работно место пред да заплови во актерските води му било ноќен чувар.

Шон Конери
Стариот фраер кого сите го памтат по тоа што дури седум пати се појави во улогата на славниот агент 007, пред да стане актер, во родната Шкотска бил млекар, па спасител на плажа, па фото модел. Еднаш дури се појавил и на натрвераот Мистер Универзум и освоил трето место.


Професиите на ѕвездите пред да станат славни Slavni2

Вупи Голдберг
Ај погодете. Не? Пред да стане актерка, работела како ѕидарка. Но, бидејќи било тешко да се опстане во оваа претежно машка професија, ја заменила со - собирач на ѓубре, а потоа била шминкерка на мртовци.

Клинт Иствуд

Пред да стане славен и богат, им копал базени на богатите и славните на Беверли Хилс, а навечер одел на аудиции на кои се обидувал да добие улога. Освен како копач на базени, работел и како дрвосечач, во фабрика за авиони и на бензинска пумпа. А ете, сега се сонча покрај својот базен...
ast3rix
ast3rix
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1064
Age : 41
Местолокација : Tetovo
Job/hobbies : Computers, Music
Humor : :)
Registration date : 2008-01-20

http://www.myspace.com/ast3rix

Вратете се на почетокот Go down

Професиите на ѕвездите пред да станат славни Empty Re: Професиите на ѕвездите пред да станат славни

Пишување by Daci Пет Мај 30, 2008 2:57 am

хахаха Клинт Иствуд копал базени? lol!
Daci
Daci
Десна Рака
Десна Рака

Male
Број на мислења : 933
Age : 33
Местолокација : Tetovo
Job/hobbies : Highschool
Humor : :)
Registration date : 2008-01-20

http://www.myspace.com/dacimk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот