MK FUN
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Честит Илинден!

2 posters

Go down

Честит Илинден! Empty Честит Илинден!

Пишување by ast3rix Саб Aвг 02, 2008 12:18 pm


Честит Илинден! Meckin-kamen-cp

Првиот Илинден го покажал на Европа стремежот за слободна и независна Македонија, а вториот Илинден ги поставил темелите на македонската државност!

Создавањето на Крушевската република е моментот кога Македонците најсилно на цела Европа и покажале дека се посебен народ кој се стреми и е подготвен со многу жртви да ја стекне својата државност и слобода. Во Смилево во куќата на Даме Груев е донесено решение за почеток на востанието.
Точно на полноќ спроти Илинден во 1903 година со силно биење на камбаните во Крушево се објавил почетокот на востанието. Со развиорено црвено знаме „Слобода или смрт“ 800 востаници по силна борба го ослободиле градот. Следниот ден Никола Карев ја прогласил Крушевската република.

По неколку дена повеќеилјадна османлиска војска, го напаѓа градот кој силно бил бранет од неколку македоски чети. Најсилните борби биле на Мечкин Камен каде војводата Питу Гули со својата чета жестоко го враќале аскерот назад се додека не загинале до последен.

Така завршило десетдневното постоење на Првата република на Балканот во која уште од тогаш се реализирала рамноправност и еднаквост на сите жители во Крушево независно од која етничка припадност биле.

Честит Илинден! Meckin-kamen-vo

Вториот Илинден пак се случил по точно 41 година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски - Кумановско каде 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото
собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена Р. Македонија како рамноправна федерална држава во склоп на Југославија.

Заседанието го отворил Панко Брашнаров, кој бил најстариот делегат и воедно сведок, учесник на двата Илиндена.
Делегатите на заседанието ги поставиле темелите на македонската држава. Бил избран и Президиум на АСНОМ под водство на Методија Андонов Ченто.

Едно од главните решенија на заседанието било воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларација за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија

Честит Илинден! ASNOM-200

Честит и вековит 2-ри август-ИЛИНДЕН!
ast3rix
ast3rix
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1064
Age : 41
Местолокација : Tetovo
Job/hobbies : Computers, Music
Humor : :)
Registration date : 2008-01-20

http://www.myspace.com/ast3rix

Вратете се на почетокот Go down

Честит Илинден! Empty Re: Честит Илинден!

Пишување by Kremenk0 Нед Aвг 03, 2008 8:44 pm

cheers
Kremenk0
Kremenk0
Новајлија
Новајлија

Male
Број на мислења : 12
Age : 93
Местолокација : Tetovo
Job/hobbies : Tester
Registration date : 2008-04-06

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот