Golf VI - детално + фотки
2 posters
Golf VI - детално + фотки
VW објави дополнителни слики и детали за новиот Golf – освен еволуцијата во дизајнот, се друго е револуција, па новата генерација на Golf треба брзо да се врати на победничките патеки.
Да почнеме од димензиите – новиот Golf ќе биде 4.199 mm долг, 1.779 mm широк и 1.479 mm висок, што значи дека нема да порасне во однос на актуелната генерација, но преуредувањето на внатрешноста треба да донесе уште некој сантиметар плус на и така комфорниот актуелен Golf. Големината на багажникот ќе изнесува 350 литри, што е во рамките на класата.
Моторизацијата повторно ќе биде богата – основниот бензинец и понатаму ќе биде 1,4 литарскиот со 80 КС, кој сега ќе троши 6,4 литри на 100 km, што е намалување за половина литар во однос на актуелниот модел, потоа следуваат 1,6 литарскиот со 102 КС па 1,4 литарскиот турбо кој ќе доаѓа во две изведби од 122 и 160 КС. Потрошувачката на овој мотор ќе биде подобра дури и од таа на основниот бензинец – 6,3 литри на 100 km во посилната изведба!

Ќе има и дизели – овој пат во тивката Common Rail изведба. Во почеток ќе се нудат две изведби на 2,0 литарскиот TDI со 110 и 140 КС, а подоцна доаѓаат и изведба со 90 КС и 170 КС. Дизелот со 110 КС ќе троши само 4,5 литри на 100 km.
Ќе се нудат неколку менувачи зависно од моторот. Основните два бензинци ќе имаат мануелни менувачи со пет степени, додека сите други добиваат менувачи со шест степени. Со доплата ќе можат да се добијат и автоматските менувачи DSG со шест или седум степени на пренос, зависно од изведбата.

Од VW велат дека во новата генерација е поработено и на звучната изолација, која се чини беше најголем проблем во актуелната генерација, па Golf VI треба да биде многу потивок во однос на претходникот.
Во стандардната опрема кај новиот Golf ќе влезат седум воздушни перничиња, ABS и ESP, клима уред, електроника и патен компјутер, а купувачот ќе може да избере една од дури 11 бои. Очекуваната цена на основниот модел е високи 16.500 евра, но сепак се работи за Golf, нели?

Re: Golf VI - детално + фотки
ова преголем залак за мене е, доста ми е и Golf IV
LittLe FoOL- Приправник
-
Број на мислења : 487
Age : 36
Местолокација : Трачарево
Job/hobbies : све и ништо
Registration date : 2008-07-17
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|