MK FUN
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Озонската дупка уште се зголемува

Go down

Озонската дупка уште се зголемува Empty Озонската дупка уште се зголемува

Пишување by ast3rix Сре Сеп 17, 2008 11:11 am

Озонската дупка уште се зголемува Cover_ozonska-hole-golema

Светската метеоролошка организација на Обединетите нации денес соопштила дека озонската дупка над Антарктикот ја надминала својата големина од 2007 година и дека има тенденции за ширење во наредните неколку недели.


“Во изминатите неколку недели дупката рапидно расте и сега ја надмина својата максимална големина од 2007 година. Бидејќи озонската дупка и понатаму расте, прерано е да се оцени колкава ќе биде големината на озонската дупка оваа година“, се наведува во соопштението на светската организација од системот на ОН.

Озонската дупка, според податоците од 13 септември оваа година, прекрива 27 милиони квадратни километри во споредба со 25 милиони квадратни километри колку што била нејзиниот најголем обем минатата година, се додава во соопштението издадено по повод Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка.

Озонската дупка уште се зголемува Ozonska-hole-golema-01


Дупката над Антарктикот се појавува секоја година и достигнува максимална големина кон крајот на септември или почетокот на октомври, но покасно обично се намалува на отприлика колку големината на Јужна Америка, пренесува Ројтерс.

Меѓутоа, оваа година, заштитната озонска обвивка која ја штити Земјата од ултравиолетовите зрачења и која може да предизвика рак на кожата, започнала да се истeнчува релативно касно.
ast3rix
ast3rix
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1064
Age : 41
Местолокација : Tetovo
Job/hobbies : Computers, Music
Humor : :)
Registration date : 2008-01-20

http://www.myspace.com/ast3rix

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот