MK FUN
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Цигарите Радиоактивни ?

Go down

Цигарите Радиоактивни ? Empty Цигарите Радиоактивни ?

Пишување by Mickey Сре Сеп 17, 2008 10:07 pm

Радиоактивниот хемиски елемент полониум 210, со кој беше отруен поранешниот агент на КГБ Александар Литвиненко, се наоѓа во цигарите. Ова е тајната која тутунската индустрија ја криела четири децении, откриваат научниците.

Цигарите Радиоактивни ? Polonium_t

Четворица американски доктори дојдоа до откритието дека елементот полониум 210 се наоѓа во секоја цигара произведена во САД. Испитувањата спроведени на глувците покажале дека полониумот се таложи на бронхиите и предизвикува рак на белите дробови.

Откриена тајната стара скоро пола век

Целата приказна ја откри септемвриското издание на списанието American Journal of Public Health, кое тврди дека американската тутунска индустрија веќе 40 години крие од јавноста дека нивните производи се радиоактивни. Тимот научници на чело со Моник Магли од клиниката Mayo проучил 1.500 различни документи меѓу кои биле и интерни документи од водечките производители на цигари во САД.

Имено, тутунската индустрија пред 40 години дознала дека полониумот е составен дел на цигарите, но по неуспешниот обид за негово отстранување, информациите за постоењето на овој хемиски елемент се
затаени за да не се случи пад на продажбата на цигарите. Полониумот 210 се смета како одговорен за смртта на 1.600 од вкупно 162.000 починати во САД од рак на белите дробови, додека во светот за 11.700 од 1,3 милиони починати.

"За тутунот да биде со добар вкус, мора да се смали присуството на азот, а ова се постигнува со високофосфатно ѓубриво. Колку е поголемо нивото на фосфати во ѓубривото, толку е поголема и концентрацијата на полониумот 210 во листовите на тутунот", објаснуваат авторите.

Неуспешно чистењето на листовите на тутунот од полониум

Цигарите Радиоактивни ? Polonium1

По шокантното откритие кога тутунската индустрија дознава што им се наоѓа во цигарите, се обидуваат да го отстранат полониумот од листовите сонивно перење. Но, перењето било прескапо, а отстранувало само 50% од полониумот и не било изводливо на големи количини.



Генетски модифициран тутун


По неисплатливото перење на тутунот и пресериозните откритија во лабараториите, во Philip Morris сметале дека би можеле да ја намалат количината на полониум во тутунот доколку успеат да произведат растение со мазни листови, кое нема во толкава мерка да го "фаќа" полониумот по ѓубрењето. Но, и овој проект завршува безуспешно.
Mickey
Mickey
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 476
Age : 36
Местолокација : Raccoon City
Job/hobbies : Learning
Humor : i hate admins
Registration date : 2008-01-19

http://www.mkfun.net

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот