MK FUN
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Нова Fiesta (Фото)

Go down

Нова Fiesta (Фото) Empty Нова Fiesta (Фото)

Пишување by ast3rix Чет Сеп 25, 2008 11:48 am

Нова Fiesta (Фото) Fiesta-v

Ford го започна проектот Fiesta пред 32 години, а од тогаш на улиците се појавија повеќе од 12 милиони примероци. Новата генерација е развиена во Европа, но во склад со "One Ford" визијата - еден автомобил за глобалниот пазар. Значи, задоволување на потребите на возачите од западна и источна Европа, но и од Северна Америка, Австралија, Кина, Јужна Африка...


Овој модел се роди на основа на концептот Verve - прикажан минатата година на саемот во Франкфурт. Во склад со трендовите, новата Fiesta е 10% поцврста од претходната, полесна е за 40 килограми и има помала потрошувачка на гориво, како и помала емисија на штетни гасови.

Нова Fiesta (Фото) Fiesta1


Нова Fiesta (Фото) Fiesta2

Претставени се изведби со 3 и 5 врати. Автомобилот е долг 395, широк 172,2 и висок 148,1 сантиметри, а меѓуосовинското растојание изнесува 248,9 сантиметри, што претставува мало зголемување во однос на моделот кој сеуште е во продажба. Зголемен е и багажниот простор кој сега има зафатнина од 295 литри, а со спуштање на задната клупа се зголемува на 979 литри.

Нова Fiesta (Фото) Fiesta4

Понудата на бензинските агрегати е составена од модели од 1.25 литри со 60 и 82 КС, потоа 1.4 литарскиот со 96 КС и новиот 1.6 литарски Duratec Ti-VCT oд 120 KC. За љубителите на дизелите, тука е основниот 1.4 ТDCi со 68 КС и 1.6 литарскиот oд 90 KС. Сите агрегати доаѓаат со 5-степен рачен менувач и ги исполнуваат Euro4 нормите, а најавена е и ECOnetic дизел изведба.

Нова Fiesta (Фото) Fiesta5


Нова Fiesta (Фото) Fiesta6

Фактот е дека со новиот модел Ford нишани кон младата публика, а кога во првото тромесечје од 2009 година ќе стигне на нашиот пазар, ќе се нуди во 15 бои.

Нова Fiesta (Фото) Fiesta8
ast3rix
ast3rix
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1064
Age : 41
Местолокација : Tetovo
Job/hobbies : Computers, Music
Humor : :)
Registration date : 2008-01-20

http://www.myspace.com/ast3rix

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот