MK FUN
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Канабисот е помалку опасен од алкохолот

2 posters

Go down

Канабисот е помалку опасен од алкохолот Empty Канабисот е помалку опасен од алкохолот

Пишување by ast3rix Пет Окт 31, 2008 10:05 pm

Канабисот е помалку опасен од алкохолот Cover_canabis-pom-alkohol

Конзумирањето на канабис е помалку опасно од конзумирањето на алкохол или цигари, соопштува британската фондација Бекли, која помеѓу другото се залага за ревизија на законот за дрогата.


“Иако канабисот штетно влијае на здравјето, посебно на менталното здравје, кога станува збор за гененерален ризик и штетност, канабисот е значително помалку опасен од алкохолот и тутунот“- се наведува во извештаите на фондацијата специјализирана за здравство.

Британската влада во мај оваа година соопшти дека канабисот ќе се стави на листата на полесни дроги и дека ќе ја промени одлуката од 2004 година, кога канабисот беше ставен во групата во која се наоѓаат средствата за смирување. Владата ги категоризира дрогите во три групи: тешки дроги кокаин и хероин, лесни дроги амфетамини и трета група стероиди, антибиотици и средства за смирување.

Причината за преминување на канабисот во категорија на полесни дроги е појавата на таканаречениот ’сканк’ во 2004-та година. Тоа е значително посилна варијанта на канабис која денес е многу повеќе распостранета по улиците отколку во 2004 година.

Канабисот е помалку опасен од алкохолот Canabis-pom-alkohol-02

Во Англија највисоката казна за поседување на лесни дроги е пет години, а за групата стероиди антибиотици и седативи казната е две години.

Фондацијата наведува дека од тој вид на канабис во светот умреле две лица, додека од конзумирање на алкохол и цигари во Британија годишно умираат околу 150.000 луѓе.

“Повеќето штети од канабисот се предизвикани од самата забрана за поседување, како и социјалните проблеми кои следат после апсењето и затворската казна“- се наведува во извештајот.

“Единствено со регулирање на пазарот можеме подобро да ги заштитиме младите од уште поопасни дроги“- додаваат од фондацијата, оценувајќи дека забраната за канабисот значително не влијаела на снабдувањето со дрогата, туку само ги претворила оние кои ја конзумираат во криминалци.

Канабисот е помалку опасен од алкохолот Canabis-pom-alkohol-01
ast3rix
ast3rix
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1064
Age : 41
Местолокација : Tetovo
Job/hobbies : Computers, Music
Humor : :)
Registration date : 2008-01-20

http://www.myspace.com/ast3rix

Вратете се на почетокот Go down

Канабисот е помалку опасен од алкохолот Empty Re: Канабисот е помалку опасен од алкохолот

Пишување by Kopac Пон Ное 03, 2008 7:51 pm

Can I Bus?
Ova Drogava Sve Pojce I Pojce Ja Reklamiraa Mesto Da Ja Skrata Bog Da Cua...
Kopac
Kopac
Приправник
Приправник

Male
Број на мислења : 484
Age : 37
Местолокација : City Of Tetovo
Job/hobbies : Dj , Gaming & Music
Humor : Jas Ne Sum Dobil Nikakva Informacija Deka Sum Videl Neshto...
Registration date : 2008-01-19

http://www.myspace.com/k0p4c

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот