MK FUN
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Кравите ни ја кројат судбината

Go down

Кравите ни ја кројат судбината Empty Кравите ни ја кројат судбината

Пишување by ast3rix Пет Окт 31, 2008 10:22 pm

Кравите ни ја кројат судбината Cover_kravi-sudbija-krojat

Една крава годишно произведува исто количество штетни гасови, колку автомобил што поминал 25.000 километри. Кравите со преживање произведуваат метан, кој е 23 пати поштетен од јаглерод диоксид.

Овие животни се значајни во исхраната на човекот, поради нивната способност со преживање тревата ја претвораат во белковини и енергија. Но, на истиот начин во желудникот се создава и метан, една крава дневно издишува 400 грама од тој штетен гас. Научниците сега се обидуваат да ја намалат емисијата на метан.

Во лабораторијата на универзитетот Вагенинген во Холандија, направените тестови покажале дека со додавање на кромид во мешаната храна, може да се намали емисијата на метан и за 90 отсто. Надвор од лабораторијата постигнато е само 15 отсто.

Не треба да загрижува податокот дека на хранетите крави со кромид, млекото ќе има мирис или вкус на кромид. Тоа било проверено со лабораториски тестови. Освен тоа кравите што вака се хранеле произведувале повеќе млеко.

Во секој случај жителите на Холандија се чувствуваат подготвени доколку Европската Унија наскоро воведе ограничување на метанот за кравите.
ast3rix
ast3rix
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1064
Age : 41
Местолокација : Tetovo
Job/hobbies : Computers, Music
Humor : :)
Registration date : 2008-01-20

http://www.myspace.com/ast3rix

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот