Јајце и фотографија со ликот на Тоше!?!
Јајце и фотографија со ликот на Тоше!?!
Велигденско јајце со ликот на Тоше се појави во прилепското село Ропотово кај семејството Видески. Јајцето е со црвеникава боја на која што се гледа еден лик, во првиот момент Видески не знаеле за што се работи.
Прво помислиле дека можеби е лик на некој светец, потоа кај нив се собрале голем број роднини и пријатели и според нив констатираледека се работи за ликот на Тоше.
Кога ги извадив сите три јајца видов дека има некој лик, помислив како на икона, но не ми беше јасен ликот каков е. Сабајлето во шест и пол часот ја повикав јатрвата и со нејзе го гледавме јајцето, а она ми рече ова е Тоше. И
како што доаѓаа да го видат јајцето, сите рекоа дека е Тоше, изјави Горица Видеска, сопственичка на јајцето.
Веднаш потоа го известиле и семејството Проески, со кое се договориле јајцето за велигденските празници да остане кај семејството Видески дома. А потоа, најверојатно ќе биде пренесено во спомен куќата на Тоше во Крушево.
Им соопштивме на семејството на Тоше и се договаравме за јајцето, каде да
остане. За велигденските празници ќе остане кај нас, а потоа ќе се договориме за понатаму. Можеби ќе го дадеме за спомен куќата на Тоше, ќе биде подарено, вели Славчо Видески, сопственик на јајцето.
Интересно е тоа што ова јајце уште пред да го вапсаат имало неправилна форма со кафени и бели кругови на него, а потоа со бојата се добил и конечниот лик на јајцето. Тоа е вапсано во средата вечерта и фамилијата го посветила на Бога.
Според традицијата во селото Ропотово, претходно во средата вечерта пред Велики четврток, се вапцаат три јајца коишто се посветуваат на Господ. Едно од тие три јајца било и ова.
Едно од овие три јајца се става во мала торбичка на родно дрво за бериќет во фамилијата, а другите две се чуваат дома.
Во тој момент вечерта, кога го видов јајцето такво, се почувствував многу радосна и од среќа ќе заплачев, затоа што Господ сакал токму кај нас да биде јајцето, додаде Видеска.
Високи црковни кругови од синодот на МПЦ, изјавија дека овој лик на јајцето на првиот Велигден без Тоше, е само доказ со животот што Тоше го живееше тука на Земјата, посветен на Бога е само уште еден цврст доказ дека тој сега се наоѓа во радоста на Христос на небото.

Ликот на Тоше на фотографија
Тоше Проески се појави и на фотографија! По вчерашното појавување на ликот на Тоше Проески на велигнедско јајце, Милена не можела да се воздржи, а да не ја сподели сликата со сите. Милена Секуловска има 19 години и живее во Драчево. На маскенбалот за 1. април се сликала со својата другарка. Веднаш го забележала ликот на Тоше во позадината, но сакала сликата да си ја зачува само за себе, мислејќи дека е единствената која го забележала тоа. Но откако тоа им го покажала и на своите родители и тие го познале Тоше.
Милена тврди дека не се работи за фотомонтажа. Останува прашањето дали се работи за ефект, добиен со играта на светлината во позадина, создаден при сликањето на фотографијата на априлскиот маскембал?

P.S. Направете Save Image на вашиот десктоп и зумирајте малку за подобра видливост
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот