Нов рекорд - 17 минути без воздух
Нов рекорд - 17 минути без воздух
Илузионистот David Blaine во средата постави нов рекорд - 17 минути без воздух под вода. Тој во живо во "Oprah show"" влезе во прозирна кугла полна со 7 тони...
... вода, откако претходно му било допуштено половина час дишење чист кислород. 17 минути Опра нестрпливо чекаше додека минуваше времето, а докторката постојано ја следеше состојбата на Blaine. Присутни беа и Guinness-ови судии за да сведочат за регуларноста на рекордот. Претходниот рекорд го држеше Peter Colat со 16 минути и 32 секунди. David Blaine е познат и по други необични рекорди. Пример е поминувањето 44 дена без храна во висечка пластична кутија над лондонската Темза, и поминатите 63 часа во леден блок на Times Square.
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот