Вкрстените раце ја подобруваат работата на мозокот
Вкрстените раце ја подобруваат работата на мозокот
На студентите кои учествувале во тестирањето, им било дадено да решат еден нерешлив анаграм. Тие кои што биле со вкрстени раце подолго време се задржале при решавањето на анаграмот, отколку оние на кои не им биле вкрстени рацете.
Во друго тестирање анаграмот бил решен и поголеми резултати постигнале оние со вкрстени раце.
Истражувањето го започнал Рон Фридмен, професот на колеџите Хобарт и Вилиам Смит во Женева, Њу Јорк. Фридмен добил инспирација од тренерот по кошарка Пата Рејли кој идел нагоре надоле на теренот и зборел нешто нејасно.
Покасно во рацете на Фридмен стигнала книгата од истиот тренер наречена "Внатрешен победник", каде на насловната страна стоел Рејли со вкрстени раце. Со тоа Фридмен одлучил да докаже дека не само телото ја следи психолошката состојба, туку и положбата на телото го покажува човековиот став.
Вкрстените раце можат да сигнализираат и други работи, како што се дефензивност и емотивна одалеченост.
Фридмем објаснува дека ги вкрстуваме рацете секогаш кога ни е потребна поголема концентрација, па со тек на време самото вкрстување предизвикува психолошка реакција.
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот