Руслана пееше за Тоше – Белград плачеше!
Руслана пееше за Тоше – Белград плачеше!
На синоќешниот голем бесплатен евровизиски концерт во Белград, кој се одржа на познатата Калемегданска тврдина, украинската пејачка Руслана испеа песна во чест на Тоше.
Иако првичната замисла беше Руслана да ја испее Life, со која Тоше настапи на Евросонг 2004-та година во Истанбул, кога таа победи со Wild dances, сепак убавата Украинка се реши за песна од својот репертоар...
Според очекувањата, при самото спомнување на името на Тоше, присутната публика громогласно ракоплескаше, а тагата дополнително кулминираше кога на големите видео-бимови се редеа сликите на македонската и балканската мега-ѕвезда.
Оваа песна ја пеам во чест на мојот пријател од Истанбул – Тоше Проески. И, знам дека иако не е тука, од некаде не гледа и пее со нас – изјави Руслана, одвај успевајќи да не заплаче.
За разлика од неа, белградската публика, исто како и македонската и балканската воопшто, не можеше да ги запре солзите, што се забележа и на преносот на концертот организиран од националната српска ТВ-станица РТС.
Освен Руслана, на концертот меѓу другите настапија и евровизиските ѕвезди
Марија Шерифовиќ, Жељко Јоксимовиќ, Дана Интернешнал..., како и некои
изведувачи од актуелната селекција.
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот