Реакции на организмот при бакнеж
Реакции на организмот при бакнеж
Веројатно не постои личност во светот која не ужива во бакнувањето, било тоа да е нежно сензуално или еротично и страствено... Научниците одлучиле да...
... се позабават со овој проблем и конечно откриле што се случува во нашето тело за време на бакнежот, и зошто се чувствуваме така како што се чувствуваме во тој момент.
Ерупција на хормони Стручњаците тврдат дека за време на бакнежот крвниот притисок се зголемува, а срцето почнува забрзано да чука. Се зголемува потрошувачката на калории од една во минута, колку што трошиме додека гледаме ТВ или читаме, на дури 6 калории во минута. При бакнежот нервите кои се наоѓаат на усните и јазикот забрзано испраќаат сигнали до мозокот каде поттикнуваат цела низа на промени. Крвта забрзано се движи кон усните, се лачи плунка, хормоните дивеат, а мозокот испушта ендорфин и окситоцин кои се одговорни за чувството на пријатност.
За бакнежот се заслужни 34 мускули Научниците исто така откриле зошто при бакнувањето ги испакнуваме усните. Тоа се случува бидејќи за бакнежот е потребна активност на долната вилица и работа на дури 34 мускули на лицето, вратот и главата.Постојат и повеќе теории зошто се бакнуваме.
Фројд вели дека бакнежот е последица од инстинктот кој е за цицање на мајчиното млеко.
Некои антрополози и проучувачи на однесувањето на животните веруваат дека бакнежот се развил од меѓусебното душкање.
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот