MK FUN
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Продолжете го сексот!!!

Go down

Продолжете го сексот!!! Empty Продолжете го сексот!!!

Пишување by ast3rix Пон Јун 23, 2008 8:47 pm

Продолжете го сексот!!! Cover_prodolzete-go-seksot

Сакате ли за време на сексот да издржите подолго? Некои вежби и познавање на техники можат да ви бидат од корист. Прочитајте во продолжение како да го продолжите сексуалниот однос.

Голем број од машката популација се чувствува непријатно бидејќи сакаат сексуалниот однос да им трае подолго, но не знаат како да ја одолговлечат ејакулацијата за да добијат во време.

Најпрвин морате да знаете дека клучот до успехот е во вашата глава. Понатаму, колку повеќе сте загрижени, толку полошо ќе поминете во кревет, и обратно. Исто така не е убаво доколку вашата партнерка постојано ве напнува. За подобрување и продолжување на сексуалниот однос, морате двајцата да учествувате стрпливо и позитивно.

Постојат неколку начини како да го продолжите сексот. Но од голема важност е да го познавате сопственото тело и неговите реакции. Кога ќе го знаете тоа, вашиот однос ќе биде подобар.

Однос со паузи

Пенисот стимулирајте го до ејакулација, па непосредно пред да доживеете оргазам престанете со стимулација или пак извадете го пенисот за да се смирите. Вежбите повторете ги 3-5 пати додека имате сексуален однос, па
резултатот ќе биде видлив од 2-6 недели.

Со тек на време вашиот однос ќе трае подолго, па ќе можете да имате секс без примена на овие техники. За ова мора да соработува и вашата партнерка, па во ред е пред ова да разговарате со неа. Сигурно ќе сака да соработува со вас.

Техника на стискање

Непосредно пред да почуствувате дека ќе доживеете оргазам, стиснете го пенисот. Со палецот притиснете под главицата, а со показалецот обвиткајте околу главицата. Стисокот нека биде цврст.

Зголемето го замозадоволувањето

Тоа е одличен начин за подобрување на сексуалната издржливост и ослободување од сексуалната напнатост. Со честа мастурбација можете да се навикнете на стимулација, па со време ќе можете да тоа да го пренесете и при сексуален однос. За поголем ефект, можете да ја користите и првата техника. Па непосредно пред да доживеете оргазам, престанете со стимулација, и повторете неколку пати.

Користете кондом

Доколку сеуште не користите кондом за спречување на сексуално преносливи болести и забременување, можете да го користите за зголемување на издржливоста при сексуалниот однос. Доколку треба, можете да користите и подебел кондом, кој дополнително ќе ја намали интензивноста на стимулацијата на вашиот пенис.

Сексуални помагала

Постојат неколку различни сексуални помагала, а најпрепорачливи се сексуалните стимулатори. За сексуалните помагала можете повеќе да дознаете во некоја продавница за истото. Во кревет од голема помош може да ви биде вибратор, кој може да ве замени кај партнерката во оние моменти кога мислите дека не можете да издржите. Вибраторот и пенисот можете да ги менувате со што дополнително ќе ја возбудите вашата партнерка.

Продолжете го сексот!!! Sps_prodolzete-go-seksot
ast3rix
ast3rix
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1064
Age : 41
Местолокација : Tetovo
Job/hobbies : Computers, Music
Humor : :)
Registration date : 2008-01-20

http://www.myspace.com/ast3rix

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот