"Mortal Kombat" трио - жртва 7 годишно девојче
2 posters
"Mortal Kombat" трио - жртва 7 годишно девојче
Кој вели дека насилните игри не влијаат на детскиот разум? Еве најсвеж пример како бруталните игри можат да доведат до глобално перење на мозокот на еден тинејџер и неговото насочување во погрешен правец. Oна што за едни во моментот е игра за некого станува смрт.
Тинејџерка и нејзиното момче од Johnstown, Colorado, тврдат дека изведувале сцени од популарната видео игра Mortal Kombat, применувајќи карате потези и трескајќи ја 7 годишната Zoe Garcia.
Двајцата тинејџери всушност биле полусестрата на Zoe Garcia, Heather Trujillo и нејзиното 17 годишно момче Lamar Roberts.
Garcia подоцна починала во болница како резултат на тепањето кое го добила од сестра си и нејзиното момче. Оваа недела судот во Colorado ја осуди Trujillo како соучесник во претепувањето на Garcia до смрт.
Trujillo ќе биде пратена во програма за малолетни престапници каде ќе мора да отслужи 6 години казна, што е подобро отколку да оди во затвор. Првичните обвиненија против Trujillo и Roberts биле малтретирање на дете кое резултирало со смрт. Trujillo ијавува дека е виновна во Мај и се сложува да сведочи против Roberts како дел од спогодбата.
Мајката на Zoe Garcia и Heather Trujillo, Dana Trujillo, побарала од судот да биде потолерантен околу казната, бидејќи веќе изгубила една ќерка, а Trujillo направила голема грешка за која платила висока цена.
Heather Trujillo
Обвинителот кој што го водел овој случај, побарал од судијата максимална казна поради бруталноста на злосторството и бидејќи Trujillo можела да го спречи тоа. Првото појавување на Roberts во судот ќе биде на прелиминарното сослушување на 10 Јули.
Re: "Mortal Kombat" трио - жртва 7 годишно девојче
Ima Ima Svashta Po Svetov Nemoj Da Se Cudite I Ja Koj Ce Izlezem So Katana Niz Grad Raid Da Organiziram :DDD
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот