Еротска мапа на телото
Еротска мапа на телото
За да се доживее сексуална возбуда, понекогаш доволно е да се надразни само едно сетило. Моќта на физичкиот изглед, пријатниот машки и женски глас и мирисот на телото делува кај многу луѓе посилно и од било кој афродизијак. Неверојатната експанзија на индустријата за парфеми не е поврзана исклучиво со чистотијата и естетиката, туку во себе содржи и нагласени знаци на сексуалност.
Без оглед на тоа што изгледот, гласот, мирисот и "вкусот" на жените или мажите играат доста значајна улога во сексуалната комуникација, допирот на телото е неприкосновено најсилен сексуален надразнувач кој, по правило, води кон оргазам.
Изгледот, гласот и мирисот на некои личности секундарно се обработуваат во мозокот, а потоа се спојуваат со претходното искуство кое ќе одреди дали другата личност сексуално ќе не возбуди. Сексуалните сензации добиени со допирот на телото се со рефлексивен карактер, значи, директни.
Дури и кај парализирани луѓе, под услов да не им се повредени сексуалните центри, можно е со допир да се предизвика ерекција или кај жените вагинално влажнење. Секој дел од телото не е сексуално подеднакво чувствителен на допир. Колку повеќе е некој дел од телото снабден со нервни завршетоци, толку е почувствителен на секоја дразба, па и сексуална. Во таа смисла, на телото постои некој вид "еротска мапа" со зони кои се во голема мера чувствителни на допир. Клиторисот, малите усни, вагиналниот влез, делот на предниот ѕид од вагината, глансот на пенисот, посебно задниот дел од глансот, пределот меѓу
анусот и половиот орган, задникот, внатрешната страна на бутовите, устата, ушите (посебно школките), дојките (највеќе брадавиците), заради високата сексуална надразливост при допир се наречени ерогени зони.

"Допри ми ги колената" Повеќето сексуални "техничари" знаат дека ерогените зони не се заокружуваат со "еротската мапа" на телото. Допирот на вратот, галењето на внатрешната страна на дланките, табаните, ножните прсти, или долните делови на грбот може да предизвика силно сексуално возбудување и да ги поттикне сексуалните желби.
Вештите во водење љубов знаат и повеќе од тоа. Имено, целото тело со соодветен сексуален механизам на учење има потенцијал да стане сексуална "бомба". Колената, на пример, кај патријархалните жени кои не дозволуваат допир на други делови од телото, без разлика што немаат нервни завршетоци, можат да станат извор на возбудувања. Во литературата се опишани случаи кога некои жени доживувале оргазам во моментите кога мажот ги штипнал нивните веѓи или кога вршел силен притисок на нивните заби. Но, претерувањето во техниката има свои недостатоци. Отуѓеното применување на сексуалните техники без реална комуникација меѓу сексуалните партнери, наместо возбудување често доведува до аверзија.

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот