MK FUN
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Топ 10 канцелариски финти

Go down

Топ 10 канцелариски финти Empty Топ 10 канцелариски финти

Пишување by Kopac Сре Jул 23, 2008 10:59 am

Топ 10 канцелариски финти Office_jobs_250x251-752963

Секој сака добра шега, а во времето на електрониката, ние им даваме предност на хај-тек зафрканциите. Прикрадете се до тастатурата на вашиот колега и подгответе се за најинтересниот ден поминат на работа. Ви ги претставуваме 10-те најдобри компјутерски зезалици, а воедно однапред им се извинуваме на сите ваши пријатели и колеги.

1. Мистериозен рестарт
Започнуваме со финта која ќе ги збуни дури и најнапредните Windows
корисници. Подготовката е едноставна и доволни ви се само неколку
секунди на само со компјутерот на "жртвата". Кога ќе ви се укаже шанса,
прикрадете се и кликнете со десниот клик на иконата за Internet
Explorer или некоја друга често употребувана апликација. Изберете
"Properties" и во полето "Target" впишете: "%windir%\system32\shutdown.exe -r -t 00".
После ова, секогаш кога вашиот пријател ќе се обиде да отвори Internet
Explorer (или некоја друга апликација) неговиот компјутер ќе се
рестартира - а вие ќе ја добиете вашата дневна доза смеа.
2. Startup забава
Windows startup фолдерот е фантастично место за забава. Креирајте
текстуален фајл со некоја интересна порака и ставете го во Startup
фолдерот доколку сакате вашиот канцелариски пријател да добива дневна
честитка. Или, доколку навистина сакате да бидете злобни - додадете го
shortcut-от за рестарт од погоре. Ова второто и не е баш препорачливо
за физички инфериорните заебанти, затоа што може да изедете квалитетен
ќотек.
3. Авто-навреда
Постојат неколку смешни начини за да го натерате вашиот пријател сам да
се навреди - а Microsoft само ја олеснува вашата работа. Најдете
слободно време за да ја уредите опцијата за автоматска поправка на
правопис (Autocorrection) во Word-от или Outlook-от на вашиот колега.
Опцијата се наоѓа во Tools на двете програми. Додадете нов збор кој ќе
го замени неговото име (пр. Петар) со "идиот" или "Боки 13". Обратете
внимание како E-mail комуникацијата одеднаш ќе стане многу позабавна! Smile
5. Встнска бизмис комкуникациај
Додека чепкате по подесувањата во Word или Outlook, добро место со кое
може да си поиграте е речникот (Dictionary). Заменете неколку правилни
зборови со стандардни печатни грешки.
6. Преземете контрола
Одморите се вистинска можност да се подготвите за следнава зафрканција.
Додека е отсутен вашиот колега, оддвојте време и приклучете втор маус
на некој од слободните USB порти. Функционира прекрасно доколку вашиот
и неговиот компјутер се свртени еден спрема друг. Фатете го маусот и
почнете да правите рандом движења. Набавате безжичен маус за целосно
задоволство.
7. Гневот наречен ротација
Едноставен и брз начин да си поиграте со работната површина на вашиот
колега е ротирањето на екранот. Додека е на пауза, отрчајте до неговиот
компјутер и притиснете CTRL + ALT + стрелката за нагоре/надолу за да ја
промените ориентацијата на екранот. Доколку имате време влезете во
Control Panel и подесете го маусот за работа со лева рака. Сигурно ќе
изгуби 10-тина минути додека сфати што всушност се случува.
8. Што се случува со маусот?
Додека сте во подесувањата, заменете ја примарната со секундарната
функција на копчињата. Поставете го маусот да работи екстремно брзо,
или екстремно бавно. Со ова кај вашата жртва ќе обезбедите дополнителна
конфузија и фрустрација.
9. Blue Screen of Death
Ви текнува на фрустрирачкиот син екран исполнет со грешки кој никогаш
не би сакале да го погледнете? Почастете го вашиот пријател со овој скринсејвер
кој ја симулира најнепосакуваната Microsoft грешка. Наместете го да се
вклучува автоматски после 2 минути неактивност на компјутерот и следете
ја реакцијата.
10. Кој гледа порно на работа?
За оваа зафрканција ви треба малку поголема подготовка. Дојдете 15
минути порано на работа. Најпрвин треба да најдете соодветен аудио
фајл, изваден од филм за возрасни. Ако имате потешкотии околу ова,
послужете се со Google или искористете го овој фајл.
Симнете го фајлот на компјутерот на вашиот колега, отворете Control
Panel, влезете во Sounds and Audio Devices, па во Sounds. Заменете ја
мелодијата за Windows Start со аудио фајлот кој штотуку го симнавте.
Исклучете го компјутерот, а звучниците вклучете ги и осигурајте се дека
се доволно гласни за да се слушнат до другата канцеларија. Седнете на
вашето работно место и уживајте.
Kopac
Kopac
Приправник
Приправник

Male
Број на мислења : 484
Age : 37
Местолокација : City Of Tetovo
Job/hobbies : Dj , Gaming & Music
Humor : Jas Ne Sum Dobil Nikakva Informacija Deka Sum Videl Neshto...
Registration date : 2008-01-19

http://www.myspace.com/k0p4c

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот