MK FUN
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Мали промени за поголемо сексуално задоволство

Go down

Мали промени за поголемо сексуално задоволство Empty Мали промени за поголемо сексуално задоволство

Пишување by ast3rix Нед Aвг 24, 2008 8:50 pm


Мали промени за поголемо сексуално задоволство Cover_sexyalno-uzivanje
За сјаен секс вреди да се потрудите. Обичните гаќички заменете ги од време на време со секси долна облека и изненадете го партнерот со покана за жешка сеанса, експериментирајте со позите и работете на зајакнување на мускулите на вагината. Оргазмите ќе бидат поинтензивни, а вие многу позадоволни.

Мали промени за поголемо сексуално задоволство Sexyalno-uzivanje-01

Убава и секси

Вашето мото во сескот нека биде – нас ништо не смее да не изненади. Ако знаете дека тој вечерта ќе биде расположен за ’акција’, одвојте неколку минути и припремете се за тркалање помеѓу чарашафите.

Прво обрнете внимание на своите нозе и ослободете се од влакната, затоа што депилирани нозе намачкани со лосион изгледаат потенки и се повеќе посакувани. Потоа облечете секси долна облека, обичните гаќички оставете ги во фиоката. Самиот чин на припрема за секс ќе делува на вас како афродизијак, па одвај ќе чекате да ја соблечете облеката од вашиот парнер. На задоволство на двете страни.

Мали промени за поголемо сексуално задоволство Sexyalno-uzivanje-02

Испробајте некои нови пози

Повеќето луѓе имаат секс скоро во истите пози иако постојат над 600. Придржувајќи се до оние две до три пози во најмала рака е навистина неавантуристички.

Некои пози ви одговараат многу повеќе од некои други, но навистина е време да ја промените рутината и да внесете промени во вашиот сексуален живот. Тоа не значи дека треба да купите “Камасутра“ и да ги испробувате сите пози по ред. Не заборавајте дека мозокот е наш најважен сексуален орган- едноставно употребете ја вашата фантазија.

Намалете со алкохолот

Познато е дека алкохолот ги опушта и намалува нашите инхибиции, но во тие ситуации лесно се заборава дека сексот после десетата пијачка ке биде горе- долу лош. Токсините кои се наоѓаат во алкохолните пијалоци ги намалуваат телесните функции, па без разлика на тоа што можеби многу побрзо ќе ја соблечете гардеробата од себе, оргазмот кој ако имате среќа да го доживеете ќе биде неинтензивен и незадоволувачки.

Време е за домашна задача

Доколку сакате да го извлечете максимумот од својот сексуален живот, време е да изработите домашна задача. Хормоните во нашите тела се менуваат во текот на месецот, што најверојатно и самите сте приметиле.

И додека има денови во кои сте лудо расположени за секс, има многу повеќе денови во кои сескот е последното нешто што ви паѓа на ум. Запишувајте во кои денови сте се чувствувале по секси, а како ден број еден нека биде првиот ден од вашиот месечен циклус.

После шест месеци ќе забелжите дека образецот се повторува, па во деновите во кои либидото ви на врвот, допуштете и ја фантазијата на вашата воља и испробајте нови локации, пози...

Мали промени за поголемо сексуално задоволство Sexyalno-uzivanje-03

Вежбајте и некои други мускули

Заборавете на склековите, стомачните, трчањето и посветете се на вежбање на мускулите кај вагиналната школка, тие помеѓу другото ја поттикнуваат вагината, а нивното вежбање ја зголемува циркулацијата на крвта во подрачјето на гениталиите, со што се зголемува интензитетот на
оргазмот.
ast3rix
ast3rix
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1064
Age : 41
Местолокација : Tetovo
Job/hobbies : Computers, Music
Humor : :)
Registration date : 2008-01-20

http://www.myspace.com/ast3rix

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот