Озонската дупка уште се зголемува
Озонската дупка уште се зголемува
Светската метеоролошка организација на Обединетите нации денес соопштила дека озонската дупка над Антарктикот ја надминала својата големина од 2007 година и дека има тенденции за ширење во наредните неколку недели.
“Во изминатите неколку недели дупката рапидно расте и сега ја надмина својата максимална големина од 2007 година. Бидејќи озонската дупка и понатаму расте, прерано е да се оцени колкава ќе биде големината на озонската дупка оваа година“, се наведува во соопштението на светската организација од системот на ОН.
Озонската дупка, според податоците од 13 септември оваа година, прекрива 27 милиони квадратни километри во споредба со 25 милиони квадратни километри колку што била нејзиниот најголем обем минатата година, се додава во соопштението издадено по повод Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка.
Дупката над Антарктикот се појавува секоја година и достигнува максимална големина кон крајот на септември или почетокот на октомври, но покасно обично се намалува на отприлика колку големината на Јужна Америка, пренесува Ројтерс.
Меѓутоа, оваа година, заштитната озонска обвивка која ја штити Земјата од ултравиолетовите зрачења и која може да предизвика рак на кожата, започнала да се истeнчува релативно касно.
Меѓутоа, оваа година, заштитната озонска обвивка која ја штити Земјата од ултравиолетовите зрачења и која може да предизвика рак на кожата, започнала да се истeнчува релативно касно.
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|