MK FUN
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Кошаркарите се пласираа на ЕП, Македонија слави

Go down

Кошаркарите се пласираа на ЕП, Македонија слави Empty Кошаркарите се пласираа на ЕП, Македонија слави

Пишување by ast3rix Нед Сеп 21, 2008 3:02 am

Кошаркарите се пласираа на ЕП, Македонија слави Cover_mak-kosarka-sl-pobe

Македонската кошаркарска репрезентација оствари голем успех, откако по вечерашната победа над Естонија со 87:75 го потврди учеството на Европското првенство во Полска кое ќе се одржи следната 2009 година и тоа како првопласирана во квалификациската група "Б", што носи привилегии при ждребот на групите за континенталниот шампионат.

За пласман ни беше потребна победа над Естонија, но победата на Португалија над нашиот директен конкурент за првото место во групата Б, селекцијата на Летонија ни овозможи поповолен жреб за групите во Полска.

Македонските кошаркари со верба во својот квалитет и на крилјата на еуфоричната публика во преполната сала "Борис Трајковски", одлично го започнаа натпреварот, а водството го имаа во текот на целиот натпревар, кое во еден момент изнесуваше и 29.

Кошаркарите се пласираа на ЕП, Македонија слави Mak-kosarka-sl-pobe-02

Најпрецизен во нашиот тим на денешниот натпревар беше Тодор Гечевски со 18 постигнати поени, Антиќ зад своето име запиша 16 поени. Во противничкиот тим Кенгур постигна 19.

"Победата на Португалија над Летонија ни даде дополнителна мотивација и шанса која не смеевме да ја пропуштиме. Го остваривме она што ни беше зацртано пред квалификациите - се пласиравме на Европското првенство. Имаме квалитет, тоа и го докажавме, а со максимално ангажирана работа од сите инволвирани страни можеме и да напредуваме во пресрет на евопскиот шампионат." - изјави капитенот Врбица Стефанов по натпреварот.

Кошаркарите се пласираа на ЕП, Македонија слави Mak-kosarka-sl-pobe-01

"Во квалификацискиот циклус одигравме најдобро што можевме во моментов. Не би можел да прогнозирам што ќе се случува на ЕП во Полска, бидејќи разврската е условена од многу причина, како извлекувањето на групите, составот на противниците и слично, но знам дека јас и играчите ќе го дадеме максимумот, па таму ќе видиме кој е кој." - изјави меѓу другото селекторот на македонската кошаркарска селекција, Јовица Арсиќ.

Со четирите победи во квалификациската група Македонија се пласираше на континенталниот шампионат во Полска, со што ќе настапи на едно ЕП по пауза од 10 години, откако последен пат учествувавме на првенството во Франција во 1999 година.

Кошаркарите се пласираа на ЕП, Македонија слави Mak-kosarka-sl-pobe-05


Кошаркарите се пласираа на ЕП, Македонија слави Mak-kosarka-sl-pobe-06


Кошаркарите се пласираа на ЕП, Македонија слави Mak-kosarka-sl-pobe-04


Кошаркарите се пласираа на ЕП, Македонија слави Mak-kosarka-sl-pobe-07
ast3rix
ast3rix
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1064
Age : 41
Местолокација : Tetovo
Job/hobbies : Computers, Music
Humor : :)
Registration date : 2008-01-20

http://www.myspace.com/ast3rix

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот