Најскапи хотелски соби во светот
Најскапи хотелски соби во светот
Во време кога хотели со врвен луксуз можеби повеќе не се реткост, некои места и понатаму се резервирани само за одбрани личности. Приватна сауна, теретана, антички мебел се само дел од понудите на најскапите апартмани во кои славните и моќните за ноќевање се спремни да платат повеќе од 20 илјади долари.
Хотелските експерти тврдат дека износите за кои обичните смртници можат само да сонуваат, не го оправдуваат само раскошниот инвентар, гурманската исхрана или техничката опременост. На цената најмногу влијае врвната услуга, па така во најскапите апартмани гостите имаат цел ден на располагање приватен батлер и лимузна, а појадок во соба можат да порачаат и за своите миленичиња.
Ако отседнете на пример во екстравагантното одморалиште Soneva Gili Resort&Spa на Малдивите, каде една вечер чини отприлика 10.000 долари, за вас нема да се грижи само едно лице. Ќе имате на располагање два лични батлери кои ќе ги исполнуваат сите ваши желби.
Комплексот поголем од 4.500 метри квадратни се состои од шест куќи подигнати над морето, а двата главни апартмани ги красат раскошни спални соби и луксузни бањи, со излез во приватна градина. Тука е вклучена и приватна сауна, место за масажа и спортска сала. Верувале или не врвното сместување може да биде многу поскапо.
Аркади и мермерен под ќе ве дочекаат на влезот во десетособниот апартман Bridge Suite во Atlantis Resort на Бахамите, во кој за само една ноќ треба да изброите повеке од 25.000 долари. Лустерите од 22- каратно злато висат над луксузната маса за десет луѓе, а во сите простории прозорите од подот до врвот имаат поглед на Атлантикот. Во 15- метри долгата дневна соба има и огромна тераса, додека креветот во главната спална соба е подолг од три ипол метри.
Еднаква сума треба да издвоите и за најлуксузното сместување во Лал Вегас, апартманот наречен Two Story Sky Villa. Мултимедијска соба, сауна, маса за покер, личен батлер, сала за вежбање се само дел од содржините на трособното преноќеште од 275 квадратни метри. Од коцкање и луда забава можете да се опуштите во стакленото џакузи, а ако после тоа сакате повторно да се забавувате во апартманот можете да најавите забава за 250 луѓе, од кои 50 можат да се забавуваат во базенот на терасата. Ноќевањето во апарманот со ветувачко име Hugh Hefner Sky Villa, чини само 40.000 долари. Се наоѓа на 34 кат од хотелот и има се што е потребно за врвна забава, избор кој го направил самиот Хефнер, надворешно џакузи чие дно е украсено со познатото плејбој лого, бар, и огомен кружен кравет кој се врти.
ВИП гостите на кои поважна им е приватноста наместо забавата, можат дапобараат ’засолниште’ во нешто поефтиниот кралки апартман President Wilson Hotel во Женева. За отприлика 22 илјади долари ќе можете да преноќите во четрисобниот апартман со дури шест купатила, приватен лифт, и огромен број на врати и прозори. Дневната соба е поголема од 900 квадратни метри, опремена е со меѓу другото и маса за билијард, коктел бар, маса од махагониј за 26 лица. Повеќето од прозорите имаат поглед кон Женевското езеро и Монт Блан.
Поефтино од 20 илјади долари
Замислете поглед на облакодерите во Њујорк, Централ Парк и реката Хадсон, од прозорите во вашиот двособен претседателски апартман. Во хотелот Mandarin Oriental во Њујорк тоа задоволство би ве чинело 15 иллјади долари, но во исто време ќе можете да се пофалите дека сте отседнале во 790 квадрати украсени со панели од дрво од Мозамбик и ориентални додатоци. Покрај сето тоа во главната бања ѕидовите се наместо со плочки, обложени со оникс.
Љубителите на ориенталниот стил би се почувствувале добро во кралскиот апартман по многумина најлуксузниот хотел Bujr Al Arab во Дубаи. До ротирачкиот крвет на вториот спрат ве води сопствен лифт или скали од мермер и злато. Бањата е украсена исто така со мермер, а не е потребно да се истакне дека батлерот е секогаш во близина. И сето тоа за само 14 илјади долари.

Кралскиот раскош не недостасува нити во парискиот хотел Ritz, каде што за 14 илјади долари можете да преноќите во идентична соба во каква што ноќевала Марија Антоанета. На ѕидовите светкаат залтни ливчиња. А позлатени се и дрвените столбови од креветот. До спалната води дневна соба со мермерен камин, а сите 600 квадрати уредени се со египетски махагониј во стилот на Луј XIV.
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот