Во име на медицината
Во име на медицината
Некои држави во Америка веќе дозволија продажба на канабис во медицински цели, а на нив им се придружија и некои држави во Европа. Но, владата на Шри Ланка отиде чекор понатаму.
Имено, владата на Шри Ланка планира да отвори сопствена плантажа за одгледување марихуана. Причината за ова е во недостатокот на квалитетен канабис кој се користи во медицински цели, пишува Ројтерс. Плантажата би требало да биде со големина од осум хектари, а годишно би се одгледувале околу четири тони "трева". Меѓутоа, идејата не може да се реализира се додека владата не биде сигурна дека работата нема да излезе од контрола. Идејата ја предложило Министерството за алтернативна медицина (имаат и такво чудо) откако биле исцрпени поголемиот дел од полициските залихи. Инаку, алтернативната медицина во Шри Ланка има голема превласт над конвенционалната медицина.
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот