Концерт во чест на Тоше Проески
Концерт во чест на Тоше Проески
Во чест на македонскиот легендарен пејач Тоше Проески на 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи голем хуманитарен меѓународен концерт под наслов „Те сакаме сите Тоше“.
Како што најавија на денешната прес - конференција од Меѓународната фондација Тоше Проески - Крушево, билетите за концертот ќе може да се купат ширум Македонија од утре, во специјализирани музички продавници и продажната мрежа на Космофон, Германос и Импулс по цена од 200 денари и ВИП влезници по цена од 1.000 денари.
Покровител на концертот е Владата на Република Македонија и Министерството за култура, а организатор е Меѓународната фондација Тоше Проески - Крушево.
На прес - конференцијата присуствуваше министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска која рече дека Тоше Проески е личност која со своето постоење остави длабоки траги во поширокото соседство и во светски рамки.
- Несомнено е дека токму поради неговата хуманост и доброделата што ги правеше ликот на Проески уште долго време ќе биде пример и порака до сите генерации во земјата. Пласирајќи ги своите вонредно големи музички квалитети тој оствари досега незапаметена афирмација на македонската музичка култура. Целта на концертот, пред се, е да се даде соодветна почит кон ликот и делото на Тоше Проески, а истовремено низ неговата музика да се потсетиме на неговата хуманост, рече министерката Канческа - Милевска.
Таа додаде дека на денот на концертот сите надлежни и релевантни институции ќе им излезат во пресрет на организаторите.
На концертот, како што потврди Илија Ивановски од фондацијата „Тоше Проески“ ќе учествуваат 25 пејачи од земјава и странство меѓу кои Наум Петрески, Калиопи, Аки Ракимовски, Руслана, „Синтезис“, Биља Крстиќ, Марија Шестиќ, Бојан Маровиќ, Гоца Тржан, Тони Цетински, Жељко Самарџиќ, оркестарот на Македонската опера и балет под диригенство на Саша Николовски - Ѓумар, како и бендот на Тоше.
Извршниот директор на фондацијата Андреј Николоски подвлече дека не е едноставно да се земе обврска за продолжување на делото на Проески, но неговите дела, како што истакна, мора да продолжат да живеат.
Од фондацијата најавија дека концертот со меѓународна димензија ќе почне да се одржува секоја година на истиот датум - 5 октомври.
Од денеска се отворени и донаторски линии на кои заинтересираните веќе може преку бројот 143-100 од мрежата на Космофон, ВИП, T-Home и Македонски телекомуникации со или без префикс да донираат 100 денари. Средствата од билетите и хуманитарната линија по завршувањето на концертот фондацијата „Тоше Проески“ ќе одлучи каде да ги донира.
Водители на концертот под наслов „Те сакаме сите Тоше“ ќе бидат Ели Танаскова, Игор Џамбазов и Тони Михајловски.

LittLe FoOL- Приправник
-
Број на мислења : 487
Age : 37
Местолокација : Трачарево
Job/hobbies : све и ништо
Registration date : 2008-07-17
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот