Канабисот е помалку опасен од алкохолот
2 posters
Канабисот е помалку опасен од алкохолот
Конзумирањето на канабис е помалку опасно од конзумирањето на алкохол или цигари, соопштува британската фондација Бекли, која помеѓу другото се залага за ревизија на законот за дрогата.
“Иако канабисот штетно влијае на здравјето, посебно на менталното здравје, кога станува збор за гененерален ризик и штетност, канабисот е значително помалку опасен од алкохолот и тутунот“- се наведува во извештаите на фондацијата специјализирана за здравство.
Британската влада во мај оваа година соопшти дека канабисот ќе се стави на листата на полесни дроги и дека ќе ја промени одлуката од 2004 година, кога канабисот беше ставен во групата во која се наоѓаат средствата за смирување. Владата ги категоризира дрогите во три групи: тешки дроги кокаин и хероин, лесни дроги амфетамини и трета група стероиди, антибиотици и средства за смирување.
Причината за преминување на канабисот во категорија на полесни дроги е појавата на таканаречениот ’сканк’ во 2004-та година. Тоа е значително посилна варијанта на канабис која денес е многу повеќе распостранета по улиците отколку во 2004 година.
Во Англија највисоката казна за поседување на лесни дроги е пет години, а за групата стероиди антибиотици и седативи казната е две години.
Фондацијата наведува дека од тој вид на канабис во светот умреле две лица, додека од конзумирање на алкохол и цигари во Британија годишно умираат околу 150.000 луѓе.
“Повеќето штети од канабисот се предизвикани од самата забрана за поседување, како и социјалните проблеми кои следат после апсењето и затворската казна“- се наведува во извештајот.
“Единствено со регулирање на пазарот можеме подобро да ги заштитиме младите од уште поопасни дроги“- додаваат од фондацијата, оценувајќи дека забраната за канабисот значително не влијаела на снабдувањето со дрогата, туку само ги претворила оние кои ја конзумираат во криминалци.

Re: Канабисот е помалку опасен од алкохолот
Can I Bus?
Ova Drogava Sve Pojce I Pojce Ja Reklamiraa Mesto Da Ja Skrata Bog Da Cua...
Ova Drogava Sve Pojce I Pojce Ja Reklamiraa Mesto Da Ja Skrata Bog Da Cua...
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот