Промоција на спотот "Македонија - вечна"

Министерството за култура денеска во Музејот на современа уметност ќе го промовира спотот „Македонија - вечна“, снимен по сценарио и во режија на Милчо Манчевски.
Тој е првиот од низата рекламни спотови за туристичка промоција на Македонија во светот. Неговото емитување ќе почне утре на Си-Ен-Ен и на Си-Ен-Ен Интернешнл, а ќе продолжи во други десетина земји на уште осум јазици. За поддршка на кампањата изработна е и веб-страница www.macedonia-timeless.com, која ќе биде промовирана заедно со спотот. Филмот почна да се снима во октомври, на локации во Преспа, Велес, Прилеп, Крушево, Охрид, манастирот Св. Јован Бигорски, Кокино, Стоби, Курбиново, Конопиште, Скопје... Спотот е во продукција на „Сенка филм“, финансиран од Владата и Министерството за култура со буџет од 190 илјади евра.

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот