MK FUN
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Кратко сиже на секоја шпанска сапуница

Go down

Кратко сиже на секоја шпанска сапуница Empty Кратко сиже на секоја шпанска сапуница

Пишување by ast3rix Саб Фед 14, 2009 1:16 pm

Кратко сиже на секоја шпанска сапуница 22b1ecea661bf449b6104cemz6
Кратко сиже на секоја шпанска сапуница W170


На почетокот Габриела живее во штала, нема една нога, глува е, слепа е, неписмена и сиромашна. Нема за храна, па мора да јаде чакал.

По 100 епизоди, Габриела гледа и слуша.

Во 120-та епизода ќе и израсне ногата.

Во 150-та епизода, станува директор на банка.

Во 250-та епизода добива напад на слепо црево, сите мажи во серијата плачат.

Во 300-та епизода дознава дека има татко, брат, мајка, очув, јатрва и свекрва, и дека сите тие се многу богати и со самото тоа и таа е богата наследничка. Сите мажи во серијата плачат.

Во 312-та епизода дознава дека татко и, сам на себе си е близнак, а дека мајка и умрела веднаш штом се родила. Сите плачат, а во тоа посебно се истакнуваат машките ликови.

Две епизоди подоцна банкротира банката која ја води, сите ја мрзат, таа плаче, сите во серијата плачат. Плаче и режисерот и сценаристот и ко-сценаристот.

Оваа епопеја трае околу 20 епизоди.

Во 340-та епизода, Габриела се враќа во шталата во која се родила и таму гатачката и кажува дека ќе има среќа во животот. Плаче Габриела, плаче гатачката, плачат сите мажи во серијата, плаче и баба ми која ја следи серијата, плачам и јас бидејќи на Габриела конечно и тргна.

На крај, по 500 епизоди, пророштвото се исполнува, баба ми почнува да следи друга шпанска серија во која, на почетокот Лусинда живее во штала, нема една нога, глува е и слепа...

Кратко сиже на секоја шпанска сапуница 22B1ECEA661BF449B6104CE8FDEEAB6E
ast3rix
ast3rix
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1064
Age : 41
Местолокација : Tetovo
Job/hobbies : Computers, Music
Humor : :)
Registration date : 2008-01-20

http://www.myspace.com/ast3rix

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот